дома Свет Германија продолжува со депортации во Србија и Косово

Германија продолжува со депортации во Србија и Косово

19

  Првиот чартер во рамките на новата депортациска офанзива на германската влада пред две недели полета за Авганистан. Вториот лет се реализираше вчера, од Хамбург до Белград и Скопје. Според дневниот весник „Билд“, вкупно 36 лица, претежно државјани на Србија и Косово, на кои им било одбиено правото на азил или имале други причини за протерување, беа вклучени на летот. Меѓу нив имало и осудени криминалци, пренесува Индекс.

Овој чартер лет на полската компанија „Ентер Ер“ бил закупен од сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, каде се претпоставува дека протераните лица биле регистрирани. За разлика од летот за Кабул на крајот од август, овој лет за Белград и Скопје не се смета за некаква сензација, пишува „Дојче веле“.

Иако организациите за човекови права укажуваат на лошата состојба во Авганистан и се противат на депортациите таму, протерувањата во Западен Балкан се сметаат за рутина. Во првиот квартал од оваа година, германските власти веќе протерале 795 лица во Србија и Косово. Западнобалканските земји, вклучувајќи ги Србија и Косово, од 2014 година се сметаат за „безбедни земји“, што овозможува депортација по скратена процедура.

Германската влада воведе олеснети правила за вработување на граѓани од Западен Балкан во 2015 година, што се покажа како успешно, па во јуни годинава беше продолжено на неодредено време.

ПредходнаХезболах соопшти дека 12 лица загинале во експлозиите на пејџери во Либан
СледнаИзраел стои зад смртоносните експлозии на пејџери што беа насочени кон Хезболах и ранија илјадници во Либан