дома Свет ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и...

ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци

1

Резолуцијата бара Израел да се придржува до пресудата на Меѓународниот суд на правдата во јули за присуството на Израел на Западниот Брег и Источен Ерусалим и повикува на ембарго за оружје за Израел, јави „Тајмс оф Израел“.

Мерката беше спонзорирана од државата Палестина и 29 други земји, главно муслимански нации. ОАЕ е единствената арапска земја што одби да биде меѓу спонзорите.

Околу 124 земји ја поддржуваат мерката, 14 се против, а 43 се воздржани. Израел, САД, Чешка и Аргентина се најголемите земји кои беа против, заедно со островските нации во Тихиот Океан. Против мерката се и Парагвај и Малави.

Многу европски нации беа воздржани – вклучувајќи ги Украина, Велика Британија, Германија и Италија, како и Канада и Австралија.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката „го охрабрува тероризмот и им штети на шансите за мир“.

Израел обвинува дека одлуката го игнорира 7 октомври и го зајакнува Хамас, испраќајќи порака дека „тероризмот се исплати“. Тоа го прави помалку веројатен договорот за заложници, нагласи израелското МНР.

– Израел соодветно ќе одговори, истакна Министерството но не се наведува точно како ќе возврати на палестинската управа.

Резолуцијата на Генералното собрание, како и пресудата на МСП која е советодавно мислење, не е обврзувачка, но има политичка тежина.

ПредходнаФед ја скрати каматната стапка за половина отсто, знак дека економијата на САД се опорави и не се очекува рецесија
СледнаГлобалниот здравствен фонд вели дека „тројниот удар“ на климатските промени, конфликтите и здравствената криза ги погодуваат најсиромашните во светот