дома Спорт Македонката Ведрана Тунески освои злато на Е2 во Тирана

Македонката Ведрана Тунески освои злато на Е2 во Тирана

22
Македонката Ведрана Тунески освои злато на Е2 во Тирана

  Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на Е2 Тирана Опен во конкуренција на каедтки -41 кг.

-Македонската репрезентативка од клубот Бутел на најсилно рангираниот младински таеквондо турнир во светот забележа четири победи. Совладани беа: Јовиќиќ Милјана од Црна Гора, Парисела Аурора од Италија, Гомез Дијаз од Шпанија и актуелната светска шампионка Вирџинија Ламптис од Италија, сопшти синоќа тренерот на Тунески, Борче Костовски.

Да потсетиме Ведрана Тунески е бронзен медалист од Европско пионерско првенство.

ПредходнаДали е неизбежна тотална војна меѓу Израел и Хезболах?
СледнаСветска премиера на „Јон Вардар против галаксијата” на 57. „Ситџес фантастик филм фестивал”