дома Балкан Фон дер Лајен: ЕУ го активира Механизмот за цивилна заштита за помош...

Фон дер Лајен: ЕУ го активира Механизмот за цивилна заштита за помош на поплавените во БиХ

16
Фон дер Лајен: ЕУ го активира Механизмот за цивилна заштита за помош на поплавените во БиХ 

  Нашите срца и мисли се со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави, наведе претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во објава на Икс во врска со поплавите во БиХ.

– Го активиравме нашиот Механизам за цивилна заштита на ЕУ и испраќаме спасувачки тимови на терен. Ова е солидарноста на ЕУ на дело, додаде Фон дер Лајен во објавата.

Претходно и шефот на Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сореца, исто така на Икс, објави дека БиХ го активирала Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и спасувачки тимови ќе пристигнат на терен во поплавените подрачја.  – ЕУ стои до БиХ! На местото на настанот пристигнуваат екипи за реакција. Босна и Херцеговина е полноправна членка на Механизмот од септември 2022 година. Тимовите на Босна и Херцеговина учествуваа во спасувачките напори во Словенија и Турција. Солидарност на дело, наведе Сореца во објавата.

ПредходнаЦените на нафтата минатата недела се зголемија за осум отсто поради ескалацијата на Блискиот Исток
СледнаВо одговорот на Извештајот на Комитетот против тортура на СЕ најавено подобрување на условите во затворите во земјава