дома Политика Претставници и симпатизери на ДУИ се собраа пред Уставен по денешната одлука...

Претставници и симпатизери на ДУИ се собраа пред Уставен по денешната одлука за укинување на „балансерот“

14
Претставници и симпатизери на ДУИ се собраа пред Уставен по денешната одлука за укинување на „балансерот“

  Демократската унија за интеграции, вечерва пред Уставниот суд, заедно со стотина симпатизери на партијата, одржа вонредна прес-конференција, по денешната  одлука на Уставен за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Според портпаролот на ДУИ, Арбр Адеми, ваквата одлука претставува директен напад врз основните права на заедниците во земјава, и како што рече, ќе има сериозни последици за праведното и еднаквото функционирање на институциите.

– Собрани сме за да ја осудиме шокантната одлука на Уставниот суд за забрана на декларирањето на етничка припадност. Оваа одлука претставува директен напад врз основните права на заедниците во Република Северна Македонија и ќе има сериозни последици за праведното и еднаквото функционирање на нашите институции, рече Адеми.

Нагласи дека одлуката е тежок удар врз мултиетничката стабилност на државаta, истакнувајќи дека „денес повеќе од било кога се соочуваме со сериозна криза на соживотот и на правото на еднакви можности“.

– Оваа одлука е тежок удар врз Уставот, врз Охридскиот мировен договор и врз мултиетничката стабилност на нашата држава, бидејќи институциите досега го отсликуваа нашиот заеднички ралитет и тоа беше темел на соживотот и комуникацијата меѓу заедниците. Денес повеќе од кога било се соочуваме со сериозна криза на соживотот на правото на еднакви можности. Ова е чекор назад за нашата земја, чекор што ја загрозува иднината на мултиетничката стабилност и хармонијата што ја имаме изградено. Ги повикуваме сите надлежни институции и меѓународната заедница веднаш да реагираат за да ги заштитат правата загарнтирани со Устав и закон и да обезбедат дека еднаквата застапеност ќе биде непроменета, нагласи Адеми.

Вели дека декларирањето на етничката припадност е неотуѓиво право и неопходен елемент за обезбедување праведна застапеност на сите заедници. Според него, преку ваквата одлука на Уставен се напаѓа принципот на еднаквост..

– Одлуката има широки и длабоки последици, вклучувајќи и елиминацијата на можноста и јавните институции да ја отсликуваат мултиетничката структура на нашата држава, а механизмот на балансер, кој овозможи вклучување на различни заедници во вработувањето и нивна застапеност, сега тој механизам со оваа одлука се укина, со што се уништуваат сите досегашни напори за изградба на праведно интегрирано општество. Без ова декларирање, етничките заедници ќе останат невидливи во нашиве институции, враќајќи нѐ назад во времето кога нивната застапеност беше маргинализирана, посочи Адеми.

Оваа одлука, додаде, не е само правен акт, туку „чекор што означува црн ден за историјата на оваа земја“ и нагласи дека Демократската унија за интеграција силно ќе стои во одбрана на правата на заедниците и нема да дозволи нивните права да бидат прекршени и загрозени.

ПредходнаУкинат балансерот за вработување Албанци
СледнаНајмалку двајца загинати во ураганот „Милтон“ на Флорида, два милиони луѓе без струја