дома Политика Продолжуваат реакциите по укинувањето на „балансерот“, се најавува ново законско решение

Продолжуваат реакциите по укинувањето на „балансерот“, се најавува ново законско решение

16
Продолжуваат реакциите по укинувањето на „балансерот“, се најавува ново законско решение

  Продолжуваат реакциите по одлуката на Уставниот суд за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, е на ставот дека Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе одлуката за укинување на балансерот.

Додека министерот за здравство Арбен Тарвари и вицепремиерот Изет Меџити веќе најавуваат нов закон, министерот за јавна администрација Горан Минчев вели дека владината коалиција има политички капацитет да почне со дијалог за да се најде соодветно решение кое би било согласно уставот, но е на ставот дека не треба да се брза, туку да се отвори широка и јавна дебата.

Според Зијадин Села, Уставниот суд не го укинал „балансерот“ туку „правото на етничка припадност“, и ги повика САД и ЕУ да реагираат како гарант за Охридскиот рамковен договор.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, вчера на прес-конфернција, рече дека министерството не навлегува во содржината на одлуките, туку истите ги спроведува и применува, но, останува на ставот дека не треба да се брза со содржината на евентуално ново решение.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, порача дека Министерството не нав

-Мислам дека е подобро да се отвори широка и јавна дебата, во која што би се вклучиле сите заинтересирани страни, тука мислам на делот од владината коалиција, но исто така добра можност е да се повика и експертската и академската заедница со цел да се најде соодветно решение кое што ќе биде долгорочно, ќе биде солидно, ќе биде содржајно, и нема повторно да не доведе во ситуација на евентуална ваква одлука од страна на Уставниот суд, додаде Минчев.

Прашан за коментар на изјавата на Халид Снопче од „Вреди“ дека веќе имаат подготвено драфт верзија на новиот Закон за етничка припадност која ќе ја поднесат во Собранието, Минчев рече дека не сака да коментира содржина која не ја видел. Но, повтори дека не сака избрзани решенија.

Минчев, исто така, потенцираше дека во процедура е законска регулатива за формирање Академија за професионален развој и обука на административни службеници. – Клучниот проблем е недоволната компетентност, недоволната стручност, непрофесионализмот и незнаењето поради кое не може да се даваат квалитетни услуги на граѓаните, изјави Минчев.

Министерот за здравство Арбен Таравари, вчера рече дека етничката припадност е уставна категорија, и дека набргу ќе има нов закон.

Министерот за здравство и дел од Коалицијата „Влен“, Арбен Таравари денска информира нивната коалиција во Владата ќе биде претставена од седум заменици-министри. Тој ги соопшти само имињата н

– Уставниот суд за 100 дена реши да ги извади на површина проблемите кои седат со години, 4-5 години. Тоа се проблеми коишто треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е веќе уставна категорија. Се надевам дека набргу ќе има нов закон. Кога е уставна категорија треба да има и закон. Ќе има нов закон во којшто ќе се предвиди застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе коишто живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите на системот, во институциите на државата. Ние очекуваме, законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења коишто доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија и се надевам набргу ќе го процесуираме законот во Парламентот, рече Таравари.

Претседателката Сиљановска Давкова, смета дека „недозволиво луѓе да се пишуваат во друга националност, само за да добијат работа“.

-Сите ги упатувам најпрво уште еднаш да го препрочитаат Охридскиот рамковен договор, бидејќи се повикуваат на изворот. Таму јасно пишува дека кога зборуваме за администрација и вработување првиот критериум е стручност и компетентност и велат дека покрај нив, треба да се почитува и основното начело на правичност и соодветна застапеност, рече Сиљановска Давкова синоќа во интервју на ТВ 21.

Истакна дека поради балансерот администрацијата ни е болна.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница.

-Директори, менаџери сите имаат,… дури до таа мерка станавме ние непрепознатливи или нестандардни што отворено после секои избори се кажува тоа и тоа амбасадорско место и припаѓа на таа партија, тоа директорско место. Ние немаме свест за противправност. Е сега Уставниот суд, бидејќи е чуварот на Уставот и законите не потсети на тоа, повикувајќи се со право на скринингот оти рентгенот покажува дека сме болни во поглед на администрацијата, порача Сиљановска Давкова.

Претседател на едното крило на Алијансата на Албанците Зијадин Села, вчера  ги повика САД и ЕУ, како гарант на Охридскиот рамковен договор за, како што кажа, „да интервенираат што побргу да се најде решение заедно со политичкиот фактор“ во државата за да се спречи „еден обид за да влеземе како општество во анархија“.

– Повеќе од јасно е дека оваа одлука не е одлука на стручни судии, рече Села, нарекувајќи го гласањето „етничко“ и „надгласување“ на сите етнички заедници во Северна Македонија. Според него, според Бадентер да се носат и одлуките во Уставниот суд.

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога смета дека Уставениот суд во два случаи во период од една година, ја нарушил правната сигурност на уставниот поредок во земјава.

– Ова може да се смета за дејство со сериозни последици за правната држава, можеби дури и како форма на „државен удар“. Задачата на Уставниот суд е да ја оценува усогласеноста на актите со Уставот и соодветните закони, а не да создава нова регулатива што е функција на Собранието на Република Северна Македонија, објави Лога.

По укинувањето на „балансерот“, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вчера најави дека веднаш ќе се пристапи кон ново решение, посочувајќи дека „Вреди“ веќе има подготвен предлог-закон кој ќе го дадат на јавна расправа.

Изет Меџити, претседател на Демократското движење денеска изјави дека Законот за амнестија не е во интерес на граѓаните или на ЕУ интеграциите, туку амнестија на криминалот што е направен во

-Се разгледува во рамките на јавната администрација да се воведе евиденција за етничката припадност, односно да наведат која етничка припадност се кога се вработувааат за да се спречат злоупотреби, со цел да не се повтори ситуацијата при вработување – да се изјасни, на пример, дека е Албанец, а потоа да си ја врати етничката припадност, на пример, Македонец. Но тука треба да внимаваме да не навлеземе во приватноста на вработените. Има повеќе предлози, можно е вработените да поднесат изјава за етничката припадност заверена на нотар. Има систем кандидатите да се бодуваат и, на крај, ако за тоа место е предвидено да биде вработен Турчин, за него да има позитивна дискриминација и на освоените бодови да добие плус 10 и тој да биде примен, рече Меџити.

Меџити додава дека заедничка констатација на сите фактори во државата е дека „балансерот“ веќе не е во функција, туку дека има контраефект и оти изминативе години се злоупотребувал.

Според ДУИ, одлуката на Уставниот суд е тежок удар врз Уставот, Охридскиот мировен договор и мултиетничката стабилност на државата.

Во врска со одлуката на Уставен суд за укинување на „балансерот“, од Делегацијата на ЕУ ја „нагласуваат важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација“.

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по седницата, образложи дека одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Манипулација, ги нарече, тврдењата дека Уставниот суд укинал права на заедниците.

Прес-конференција на новоизбраниот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Со одлуката се укинати одредби од законите за јавен сектор и за јавна администрација, како и подзаконските акти со кои се операционализира темелната вредност соодветна и правична застапеност.

При градењето на својот став во овој предмет, Костадиновкси информираше дека Судот го имал предвид и Извештајот за 2023 година на Европската комисија, разни споредбени решенија, но и одлуки, како што е Пресудата на Врховниот суд на САД (Students for fair admissions v. President and fellows of Harvard College, 2023).

ПредходнаВо израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лицa
СледнаХоландија во фокусот на 14. издание на „Здраво млади“