дома Спорт Роналдињо стана косопственик на американски клуб

Роналдињо стана косопственик на американски клуб

14

Роналдињо го потпиша договорот на Њујоршката берза во средата и беше претставен како акционер на Гринвил Триумф.

-Ова е можност за мене и нашата група да го поддржиме развојот на фудбалот, како и да бидеме дел од заедницата која го цени меѓународното присуство и уникатен микс на култури, рече Роналдињо во таа прилика.

Славниот 44-годишен Бразилец ги закачи копачките во 2018 година, а во својата богата кариера играше за Гремио, Пари Сен Жермен, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе.

Најголемиот клупски успех го постигна во дресот на Барселона, со која меѓу другото ја освои Лигата на шампионите во 2006 година.

Тој беше светски шампион со Бразил во 2002 година. Жолтиот дрес ја носеше 97 пати и постигна 33 гола.

ПредходнаМодриќ нема да се пензионира, планира да игра на СП 2026 година
СледнаЛига на нации: Македонија убедлива на гостувањето кај Летонија