дома Избрано ЕУ ја одобри Реформската агенда на Северна Македонија согласно Планот за раст...

ЕУ ја одобри Реформската агенда на Северна Македонија согласно Планот за раст на Западен Балкан

17
ЕУ ја одобри Реформската агенда на Северна Македонија согласно Планот за раст на Западен Балкан

  Рефомрските агенди на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х’“ унгарското претседателство со ЕУ.

-Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата. Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението.

Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.

Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, Северна Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи.

Советот на Европската Унија на почетокот од мај годинава го одобри Планот за раст на Западен Балкан, кој со обезбедените дополнителни 6 милијарди евра треба да ги поддржи земјите на патот кон членство во ЕУ.

ПредходнаНа секои 53 години се очекуваат големи бури во САД
СледнаФлорида: Поради ураганот Милтон, нивото на морето е повисоко за 150 до 300 сантиметри