дома Бизнис Американска банка ќе мора да плати казна од 3.000 милијарди долари поради...

Американска банка ќе мора да плати казна од 3.000 милијарди долари поради перење пари за наркокартели

Американската ТД Банка ќе мора да плати дури три милијарди долари поради непчитување на процедурата во врска со перење пари од страна на наркокартелите.

Овој износ вклучува и казна од 1,3 милијарди долари која ќе биде платена од Мрежата за спроведување на финансискиот кримиал на американското Министерство за финансии, што е рекордна казна за банка.

Банката ќе мора да му плати и 1,8 милијарди долари на американското Министерство за правда за решавање на истрагата на американската влада дека банката го прекршила Законот за банкарска тајна и дозволила перење пари.

Министерството за правда на САД наведе во соопштение дека ТД Банка имала долгорочни, сеприсутни и системски недостатоци“ во своите процедури за следење на трансакциите, пишува „Волстрит журнал“.

ПредходнаЕвтините летови заминуваат во историјата: Нискобуџетните авиокомпании во постојана еволуција
СледнаМВР апелира за нови интернет измами: Граѓаните да не споделуваат лични податоци и податоци од платежни картици