Прелиминарните проценки се следни: германските статистичари во петокот објавија дека инфлацијата во септември била 1,6 отсто, што е најниска во повеќе од три години.
Инфлацијата најмногу ја потиснаа движењата на цените на енергенсите, додека значителниот пораст на цените на услугите укажа дека бранот на нагли поскапувања не е целосно исчезнат.
Последен пат годишната стапка на инфлација беше пониска на 1,5 отсто во февруари 2021 година.
Падот на инфлацијата во еврозоната и ја отвори вратата на Европската централна банка (ЕЦБ) да ја намали основната каматна стапка по втор пат оваа година.
Управниот совет на ЕЦБ ќе ги преиспита каматните стапки на 17 октомври на состанокот во Словенија.
Зилке Тобер, економист во Институтот за макроекономски и конјуктурни истражувања (ИМК), смета дека сега е неопходно дополнително намалување на каматните стапки.
Централните банки ја контролираат инфлацијата, меѓу другото, и преку каматната политика. Повисоките каматни стапки ја зголемуваат цената на кредитите и инвестициите, што пак ја лади економијата, потоа потрошувачката и на крајот цените.
Сепак, рестриктивната монетарна политика може прекумерно да ја угуши економијата и да ја турне кон рецесија.
Економистите сега проценуваат дека еврозоната е на пат да ја потисне инфлацијата од два отсто годишно. ЕЦБ ја гледа оваа вредност како показател за стабилни цени и тоа е нејзината долгорочна цел.
Од септември минатата година до минатиот месец цените на енергенсите во Германија паднаа во просек за 7,6 отсто. Статистичарите вклучуваат, меѓу другото, гориво за автомобили, нафта за греење и дрво во енергетските производи.
Прехранбените производи поскапеа за 1,6 отсто. Во исто време, цената на одредени артикли скокна далеку над просекот: на пример, маслиновото масло за 29,6 отсто и путерот за 29,3 отсто.
Услугите поскапеа за многу забележливи 3,7 отсто, што според статистиката е зголемената плата.
Базичната инфлација, без нестабилната цена на енергијата и храната, падна на 2,7 отсто на годишно ниво.
Економистите очекуваат стапката на инфлација да остане под два отсто во блиска иднина.
Ова ги зголемува надежите дека, особено ако ЕЦБ повторно ја намали референтната каматна стапка, трошењето во Германија конечно ќе заживее и ќе даде важен поттик за растреперената економија.
Во средата германската влада официјално ја ревидираше својата економска прогноза за 2024. Наместо кревок раст, што го очекуваше оваа пролет, домашната економија ќе ја заврши годината со рецесија.