дома Економија Платите на наставниците и професорите ќе се покачат за пет проценти

Платите на наставниците и професорите ќе се покачат за пет проценти

12

Платите на наставниците и професорите ќе се покачат за пет проценти

  Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на денешната прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, потврди дека и оваа година, поточно од овој месец, ќе има зголемување на платите во основно и средно образование за пет проценти.

-Тоа значи дека од овој месец, односно од октомвриската плата, вработените во основното и средо образование ќе имаат зголемена плата за пет проценти. Задоволството е уште поголемо што се договоривме за континуиран раст на платите во основно и средно образование во период од четири години, каде според нашите заеднички математики, конечно вработените во основно и средно образование, носителите на дејност наставниците и професорите ќе имаат плата во висина од просечна или нешто над просечна плата, рече Неделков.

Како што додаде, ова е голем успех во преговорите, во социјалниот дијалог и партнерство и е доказ дека со заемно почитување и разбирање како социјални партнери, може да се дојде до прифатливи решенија.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференцијата посочи дека после неколку неделни преговори и анализи, и врз основа на она што го имаат како информација како се полни буџетот и кои се проекциите за годините кои следат, сакале да постигнат договор кој ќе биде долгорочен и ќе биде во насока на подобрување на финансиска состојба на наставниците.

ПредходнаКорепер го одобри стартот на преговорите за членство на Албанија во ЕУ по кластери
СледнаТурција „удри“ на Кина, Русија, Индија и Јапонија