дома Бизнис Турција „удри“ на Кина, Русија, Индија и Јапонија

Турција „удри“ на Кина, Русија, Индија и Јапонија

12

Турција воведе антидампинг давачки за увоз на одредени видови челик од Кина, Русија, Индија и Јапонија за да спречи, како што рече, „нелојална конкуренција“ откако домашните производители поднесоа жалби минатата година, објави турскиот Службен весник.

Во одлуката се наведува дека воведените давачки ќе се движат од 6,10 отсто до 43,31 отсто од цената на сите трошоци за осигурување и транспорт (ЦИФ), објави Ројтерс.

Се посочува дека истрагата за увозот на топло валан челик, која беше покрената по пријава на локални производители, покажала дека увозот на челик од Кина, Русија, Индија и Јапонија се заканува да му наштети на домашното производство.

Царините за увоз на челик од Кина се движат од околу 15 до 43 отсто, а тарифите наметнати за увоз од Русија, Индија и Јапонија се движат од шест до девет отсто.

Одлуката на Анкара доаѓа во време на растечките трговски тензии меѓу Кина и ЕУ поради царините за електрични возила и по жалбата на Пекинг до Светската трговска организација (СТО) поради турските увозни царини за кинески електрични возила.

ПредходнаПлатите на наставниците и професорите ќе се покачат за пет проценти
СледнаПо „балансерот“, Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија