Свесни сме за предлогот на Владата за одложена примена на уставните измени, но процесот на проширување е заснован на едногласност, а тоа значи дека има став на ЕУ од сите 27 земји-членки во овој поглед. Сметам дека тешко дека ќе биде прифатен, бидејќи, како што објаснив, има став на ЕУ од 27-те членки за ова прашање, изјави новиот евроамбасадор Михалис Рокас, во интервју за МИА, што е негово прво интервју откако стапи на новата должност во земјава минатиот месец.
-Дозволете ми да кажам дека, како што знаете, проширувањето е процес заснован на едногласност, ние сме сите свесни за овој предлог на Владата. Мое скромно мислење е дека тешко дека ќе биде прифатен, како што објаснив претходно има став на ЕУ од 27-те членки во овој поглед. Значи, се разбира, од суштинско значење е да се осигураме дека сме свесни за овој контекст. Одлуката за уставни измени е суверена одлука на Владата, и е многу важна, ние имаме огромна почит за тоа како Владата сака да продолжи понатаму и решенијата кои сака да ги постигне, но процесот е сосема јасен, и тој може да биде веднаш и може да се одвива многу брзо и она што можам да го повторам е целосната посветеност за пристапување кон ЕУ, што ја вклучува и Северна Македонија, потенцира Рокас.
Во однос на предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, да посредува во разговорите меѓу Скопје и Софија, евроамбасадорот Рокас вели дека не сака да коментира изјави и ставови на земји-членки.
Евроамбасадорот Рокас, во интервјуто за МИА говори и за реформите во правосудството, препораките на Оценската мисија, за Планот за раст на Западен Балкан, БРИКС и односите ЕУ-Кина…