дома Балкан Албанија преминува во следната фаза од пат кон членство во ЕУ –...

Албанија преминува во следната фаза од пат кон членство во ЕУ – ги почнува преговорите по кластери

13

Овој Кластер опфаќа сет на поглавја поврзани со фундаменталните реформи, од чие спроведување ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес и почетокот на преговорите по другите кластери.

Одржувањето на Меѓувладината конференција беше овозможено откако Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) минатата недела го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот Кластер од преговорите за членство на Албанија.

Албанија инаку ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство во ЕУ, што ќе ги води пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување на Унијата.

Со Меѓувладината конференција ќе претседава унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, чија земја е актуелен претседавач на ЕУ.

Одлуката Албанија да почне преговори за членство со ЕУ по кластери ја донесе Корепер минатиот месец, со што практично земјата е одвоена на својот европски пат од Северна Македонија. Досега двете држави се движеа заедно во пакет кон полноправно членство во Унијата.

ПредходнаМицкоски од Берлин: Канцеларот Шолц потврди дека Германија е наш силен сојузник и партнер во евроинтеграциите
СледнаГерапетритис: Клучно е ЕУ да се продлабочува, да расте, да станува посилна