дома Локално Еуроњуз: Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа

Еуроњуз: Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа

20

Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, покажува истражувањето кое го спроведе Еуроњуз. Истражувањето покажува дека седум од десет луѓе во Европа се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, но сепак постои голем јаз во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови.

Иако во нашата земја, односно во главниот град за јавен превоз се достапни само автобуси, сепак Македонија е меѓу најлошите земји со јавен превоз во Европа. Само 47 проценти од Македонците се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само во Албанија и Италија.

Фото: Принтскрин

Како што покажува истражувањето, најголемо задоволство од јавниот превоз има во Австрија – 91 отсто.

Во нордиските престолнини пак, најдобар градски превоз има во Хелсинки, па следуваат Осло и Стокхолм кои се тесно следени од Копенхаген, со 81 отсто задоволство. Главниот град на Исланд, Рејкјавик, е исклучок со пониска стапка на задоволство од 56 отсто во овој регион.

Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа известуваат за поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од Јужна и Источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.

ПредходнаГерапетритис: Клучно е ЕУ да се продлабочува, да расте, да станува посилна
СледнаБерлински процес: Како до деескалација на Западен Балкан?