дома Свет Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека тоа...

Трамп одби да каже дали разговарал со Путин, но смета дека тоа би било паметно

16

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска одби да каже дали разговарал со рускиот претседател Владимир Путин по завршувањето на неговиот мандат во 2021 година.

Одговарајќи на прашање на новинар на Блумберг во Чикаго, Трамп истовремено додаде дека ќе беше паметно доколку го направеше тоа, пренесуваат британските медиуми.

-Ако тоа го направив,  тоа беше паметна работа, рече Трамп.

Во новата книга на новинарот на Вашингтон пост, Боб Вудворд, „Војна“ се наведува дека Трамп, кој е и републикански кандидат на претседателските избори во САД на 5 ноември, во неколку наврати разговарал со Путин откако ја напушти Белата куќа, во јануари 2021 година.

ПредходнаВархеји: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец
СледнаСовет на Европа: Русија сака да го избрише историскиот и културен идентитет на Украина