дома Политика Филипче: Категорично сум против етнички поделби во наукатa

Филипче: Категорично сум против етнички поделби во наукатa

16
Филипче: Категорично сум против етнички поделби во науката

  Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека е категорично против етнички поделби во науката по идејата за формирање паралелна академија за науки и уметности на Албанците.

-Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање паралелна нова академија за науки и уметности. Преседан е создавање „етнички чисти” институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици, напиша  Филипче на својот фејсбук-профил.

Тој потенцира дека СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите.

-СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател, ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството, пишува Филипче во реакцијата.

Како што вели, „жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува“  и најави дека „СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект“.

ПредходнаСедумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
СледнаВо Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче