На својот интернет-простор, стјуардесата Хени Лим го споделува своето стручно знаење, па во неодамнешно видео објаснува зошто авионските прозорци имаат мала дупка на дното. Лим, инаку, работи за филипинската авиокомпанија „Себу пасифик“ (Cebu Pacific), па на „Тик-ток“ ја објаснува оваа мала „мистерија“ за авионите.
– Ако некогаш сте седнале на прозорско седиште во авион, веројатно сте забележале мала дупка на дното на прозорецот. Ова се нарекува „дупче за крвавење“. Овие дупчиња помагаат за рамнотежата на разликата меѓу притисокот во кабината и надворешниот воздух… А, има и друга улога – да ја ослободи влагата и да спречи мразот и кондензацијата на прозорецот да Ви го блокираат погледот, објасни таа.
Авионските прозорци обично се состојат од три слоја, а за време на летот надворешниот дел може и да замрзне поради ниските температури на големи височини. Следствено, топлиот воздух и влагата внатре можат да ги замаглат прозорците.
Во друго свое видео, стјуардесата појасни зошто стјуардите и стјуардесите секогаш седат на раце за време на полетувањето.
– Дали некогаш сте се запрашале зошто екипажот во кабината седи вака (со рацете под себе) за време на полетувањето и слетувањето? Ова се нарекува положба за цврстина, и вклучува безбедно носење на појасот, седење исправено, седење на рацете, дланките нагоре, палците заедно и рацете опуштени, тапалата рамни на подот, објасни Лим.
Целта е стабилност, т.е. да се задржи телото во цврста положба, така што во случај на непредвидени настани, телото да биде „што помалку оштетено“, според зборовите на стјуардесата.