Единствената област за плаќање во евра, што е долгото име за СЕПА, ќе ги убрза и драматично ќе ги поевтини трансакциите кон европските земји и за граѓаните и за фирмите
Во првиот круг, членство во СЕПА очекуваат Македонија, Албанија и Црна Гора. Вкупните заштеди, на ниво на цел Западен Балкан, се проценуваат на околку половина милијарда евра годишно
Кој примал пари од роднини од странство или кој, на пример, уплаќал депозит за летување во ЕУ, знае колку можат да бидат спори и скапи овие трансакции. Земјава, сега, е на пат таквите плаќања да ги сведе на време од само неколку секунди, со далеку помалку трошоци.
Народната банка во јули поднесе барање да стане членка на СЕПА или со цел назив – Единствената област за плаќање во евра. Адресирано е до Европскиот сосвет за плаќања, иако механизмот не е дел од инситуционалната рамка на ЕУ, туку непрофитна асоцијација на банките и други даватели на платежни услуги. Одлуката, сепак, дали една земја ќе биде примена во СЕПА, се потпира на исполнувањето на европски регулативи.
„Самата динамика на пристапување во СЕПА зависи од подготвеноста на земјите и степенот на усогласеност на националната правна рамка со релевнантото европско зкаоноодавство, за чија што оценка беше обезбедена и техничка помош од Светската банка. Македонија, Албанија и Црна Гора од Светската банка во овој процес беа оценети со висок степен на усогласеност на правната рамка и беа првите три од шесте земји од Западен Балкан чии што централни банки во текот на јуни и јули, како што рековте, ги поднесоа апликациите за членство до Европскиот совет за паќање. Очекувањата според најновите изјави од високи претставници на ЕК се дека трите земји се со голема можност за скорешно пристапување во СЕПА. Најверојатно од почетокот на наредната година“,
вели Емилија Нацевска, вицегувернерка на НБРСМ.
Ако се реализираат очекувањата, ќар од членството во СЕПА од Нова година ќе видат и граѓаните и фирмите.
„За граѓаните се очекува членството во СЕПА во голем дел да придонесе во доменот на плаќањата со дознаките. Имајќи го во увид бројното иселеништо на земјите од Западен Балкан во европските земји, каде што приливите од овие дознаки се проценува дека учествуваат до 15% од БДП во земјите од регионот. Со пристапувањето во СЕПА и елиминирањето на скапите коресподентски банкарски релации за извршување на дознаките се очекува, според студијата на Светска банка, се очекува дека трошоците за дознаките кои тековно изнесуваат околу 6-7% од износот на дознаката да се преполоват и да се сведат на околу 3% од износот на самата дознака, што значи и голема заштеда за домаќинставта, а сето тоа на ниво на регионот од Западен Балкан од страна Светската банка е проценето на заштеда од околу половина милијарда евра“,
посочува Нацевска.
Од аспект на фирмите, според вицегувернерката Нацевска, анализите на Светска банка покажуваат намалување и на трошоците за извршување на плаќањата на микро, малите и средните претпријатија од земјите од Западен Балкан со компаниите од ЕУ.
„Плаќањата за пример од 5 000 евра, преку коресподентско банкарство денес, се за околу десет пати поскапи од цената за плаќањата што европските фирми ги имаат за меѓусебните плаќања во рамките на СЕПА. А од другата страна, при извршување на плаќања од некоја компанија од ЕУ кон домашна фирма, се дури дванаесет пати поскапи од она што тие би го платиле за извршување на плаќањата во евра во ЕУ“,
објаснува вицегувернерката.
Во моментов, меѓународните плаќања се одвиваат преку т.н. кореспондентски сметки на домашните банки кај странските. Процесот е сложен, па трансакциите може да траат и по неколку дена, посочува Антоније Мариноски од Стопанската комора на Северна Македонија.
„Плаќањата во странство подразбираат документација или давање одреден мандат на банката да плати преку своите кореспондентски релации во друга држава кај банката на нашиот деловен партнер. Обично тоа оди регуларна валута два дена. Имаат сите банки, нашите и европските следствено на тоа нашите ги дизајнираат т.н. „кат оф тајм“ или време во кое може да одат со една валута, со друга валута. Додека кај СЕПА, 90 отсто од плаќањата до 100 илјади евра одат во рок од пет секунди, неколку секунди. Значи драматична е во брзина разликата, а исто и од аспект на трошкови“,
вели Антоније Матриноски, специјален советник на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија.
Идејата на самата иницијатива за СЕПА во суштина е да се поедностават и да поевтинат прекуграничните плаќања во Европа меѓу различни држави и пазари.
„Основните три правци кога ќе се спомене СЕПА, зошто Европа го направила тоа и зошто сега, што очекуваме кај нас, тоа се – хармонизација, интеграција и поголема ефикасност. Очекуваме побрза циркулација на средства, поголема ликвидност на системот, намалените трошоци на банките и другите провајдери на платен промет треба да се прелијат како намалување на тарифите за нашите членки, клиентите. Од наше гледиште сметаме дека оној масовен сегмент на мали и средни претпријатија кои имаат „кросбордер“ плаќања во евра ќе видат добар бенефит. Покрај овие директни бенефити што ги очекуваме за нашите членки , индиректно е и катализацијата на отворањето на пазарот и во домашниот промет. Очекуваме да се појават нови провајдери на платен промет, „Фин тех“ компании кои ќе понудат технички и технолошки иновативни решенија кои ќе го раздвижат пазарот и нема да биде засега контролиран само од банките“,
потенцира Мариноски.
Членството во СЕПА, сепак, не е безусловно. Потребно е усогласување на одредени зкаони со европската регулатива. Клучните измени во оваа област се веќе направени, уверуваат од Министерството за финансии.
„Од Европскиот совет добивме сугестија дека треба да се направи дополнителна измена на Законот за спречување на перење пари и тоа на 16-тата седница на Собранието истото го сторивме. Едногласно беше прифатено од пратениците со што најголемиот дел од барањата на Европската комисија беа интегрирани во Законот, во смисла на усогласување со неколку директив
и, што значи унапредување на пропишаните европски стандарди меѓу кои и потребните за зачленување на нашата држава во единствениот систем за плаќање во ЕУ – СЕПА,“вели Николче Јанкуловски, заменик-министер за финансии.
Дополнително, треба да се направат измени на Законот за плаќање кои се од техничка природа, вели Јанкуловски. Според него, со членството во СЕПА, покрај другите придобивки, ќе се поттикнат електронските плаќања и ќе се придонесе за поголема дигитализација.
„На овој начин сметаме дека со пониските провизии, бројот на дознаките, вкупниот износ би бил поголем од нашата дијаспора во странство. Наместо да се носат преку граници готовински средства, да рискираат ако се поголема сума на пари кај царинските служби – прегу безготовинските плаќања, електронски, ако станеме членка на СЕПА, а ќе станеме, тогаш и бројот на дознаките убеден сум дека би биле во многу поголем износ и тоа би било многу добро и за државата и за репутацијата на финансискиот систем на Република Македонија во светскиот деловен финансиски свет“,
додава Јанкуловски.
Иницијативата за СЕПА е од 2008 година, а целосно е востановена во 2014. Дел од СЕПА се 36 земји со над седум илјади банки и преку 500 милиони сметки.
360 степени.