Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ ќе се одржи денеска, а ќе ја отворат премиерот Христијан Мицкоски и Јелисавета Лазаревиќ, директорка за содржина на „Блумберг Адрија“.
На конференцијата се најавени анализа на Блумберг Адрија „Unlocking Growth: Economy & Capital Markets in North Macedonia“ и две панел дискусии.
Првата панел дискусија ќе биде посветена на Македонскиот реален сектор: Бизнис-модел воден од новите технологии, на којшто главно прашање ќе биде како функционира бизнисот во турбулентно време, какви промени му се потребни на стопанството за подобар раст на македонската економија во услови на продолжени геополитички тензии, ги следиме ли светските трендови и колку македонските компании се во тек со новите технологии.