дома Свет САД го предупреди Иран за сериозни последици во случај на нови напади

САД го предупреди Иран за сериозни последици во случај на нови напади

6
САД го предупреди Иран за сериозни последици во случај на нови напади

 – САД синоќа во Советот за безбедност на ОН го предупредија Иран дека ќе се соочи со сериозни последици доколку изврши нови напади врз Израел или американските сили на Блискиот Исток.

– Нема да се двоумиме да се одбраниме. Да биде јасно, САД не сакаат понатамошна ескалација, но сметаме дека ова треба да биде крај на директната размена на оган меѓу Израел и Иран, изјави амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд.

Советот за безбедност на ОН се состана по саботниот напад на Израел врз ирански фабрики за ракети, кој следеше како одговор на иранскиот напад врз Израел од 1 октомври, кога Техеран лансираше околу 200 балистички ракети.

Иранскиот амбасадор во ОН, Амир Сајед Иравани, го обвини Вашингтон дека е „соучесник“ на Израел поради воената помош што му ја обезбедува. – Иран ќе одговори на оваа агресија кога ќе одлучи, нагласи Иравани.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дани Данон, повика Советот за безбедност да воведе санкции кон воената и економската инфраструктура на Иран.

ПредходнаПрва годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје
СледнаСДСМ: Доколку МВР и Тошковски продолжат да молчат СДСМ ќе поднесе кривична пријава за Бојан Христовски