дома Култура Започнува мултиуметничкиот фестивал „Омнибустопија 6“

Започнува мултиуметничкиот фестивал „Омнибустопија 6“

5
Започнува мултиуметничкиот фестивал „Омнибустопија 6“

  Во организација на Здружението „Аксиома“ и Културно информативниот центар – Скопје, денеска во Котур започнува мултиуметничкиот фестивал „Омнибустопија 6“.

Како што информираат од Здружението, годинешната програма претставува своевидна рекапитулација на нивните активности од изминатата година, но и антиципација на она што следува во иднина.

– Годинешната програма претставува своевидна рекапитулација на активностите на Аксиома во последните 12 месеци, но и антиципација на она што ќе следува во догледна иднина. Тоа значи дека музиката, повеќе од кое било претходно издание на Омнибустопија, ќе биде во преден план. Ќе имате можност да проследите несекојдневни концерти, изложба, разговори и работилница, стои во соопштението.

Фестивалот ќе биде отворен со промоција на Монографија изработена во сито печат: колажи од улични плакати, собирани во Скопје, Виена и Братислава, во периодот од ноември 2023 до февруари 2024 година. Потоа ќе следи разговор на „Партизанска штампа“ со Владимир Лукаш, додека првата вечер од Фестивалот ќе биде затворена со концерт на „Намуз“.

На втората фестивалска вечер, која ќе биде на 5 ноември во Салон 19:19, публиката ќе има можност да проследи концерт на џез триото Одрон, како и концертна промоција на албумот „Asphalt Calcutta“ од Јордан Костов, Ник Декарло и Дарио Циевски. Ден потоа, на 6 ноември, во Салон 19:19 ќе се реализира и третата фестивалска вечер, со концерт на Мартин Џорлев и концертна промоција на албумот „Floating Steps“ од Глигор Кондовски, Константин Хаџи Коцев и Мартин Георгиевски.

Од „Аксиома“ соопштуваат дека од 4 до 6 ноември, односно од понеделник до среда во просториите на „Партизанска штампа“, ќе има работилница за изработка на сито печат колажи на тема „Култура на демократија: како демократските вештини се рефлектираат врз креативниот процес на создавање уметнички дела“.

ПредходнаВо земјава ратификувани повеќето меѓународни инструменти за човекови права, предизвик останува спроведувањето
Следна