дома Спорт Петмина македонски кикбоксери на Европското сениорско првенство

Петмина македонски кикбоксери на Европското сениорско првенство

15
Петмина македонски кикбоксери на Европското сениорско првенство

  Во Атина денеска почнува натпреварувачкиот дел на сениорското Европско првенство во кикбокс во машка и женска конкуренција на кое ќе настапат петмина македонски натпреварувачи.
Во женска конкуренција, Леа Бошевска ќе настапи во кик лајт во категоријата до 50 килограми, а Андреа Костовска во кик лајт до 55 килограми.
Во машкиот состав се Мите Ашкилов во кик лајт во категоријата до 94 килограми, Бобан Илиоски во лоу кик до 86 килограми и Стефан Михајловски во кик лајт во категоријата над 94 килограми.
На Европското првенство кое се одржува до 10 ноември пријавен е настапот на 982 кикбоксери од 41 земја.

ПредходнаЕмбер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
СледнаДва од земјотресите со епицентар во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци