дома Спорт Ф1: Верстапен прв низ целта во Сао Паоло

Ф1: Верстапен прв низ целта во Сао Паоло

10

  Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул победи вечерва во трката за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос и се доближи до освојување на четвртата последователна светска титула во Формула 1.

Ф1: Верстапен прв низ целта во Сао ПаолоВерстапен стартуваше од 17 место, но возачот на Ред Бул одлично ги искористи исклучително тешките временски услови за да ја оствари својата прва победа по трката за ГН на Шпанија во јуни оваа година.

Трката се претвори во целосен колапс за единствениот конкурент на Верстапен за титулата Ландо Норис, откако британскиот возач на Мекларен стартуваше од пол-позицијата, но направи еден куп грешки и на крајот заврши на шестата позиција.

Разликата меѓу Верстапен и Норис во генералниот пласман сега се зголеми на 62 поени во корист на Холанѓанецот на само три трки до крајот на сезоната.

На преостанатите две места на подиумот денеска се искачија Французите Естебан Окон и Пјер Гасли.

ПредходнаНад 75 милиони Американци веќе го искористија правото за рано гласање
СледнаНБА: Ембид под истрага откако оттурна новинар