дома Свет Израелската армија соопшти дека убила високопоставен член на „Хезболах“

Израелската армија соопшти дека убила високопоставен член на „Хезболах“

5

Израелските воени сили соопштија дека го убиле „терористот Фарук Амин Аласи, командант на „Хезболах“ во областа на либанскиот град Хијам“, пренесува ДПА.

Аласи е одговорен за бројни ракетни напади против израелски општини во области на Горна Галилеја, а особено во градот Метула, се наведува во изјавата објавена на социјалната мрежа „Икс“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) додадоа дека го убиле и „терористот Јусуф Ахмад Нун, командант на чета на силите Радван во областа Хијам“, кој исто така бил одговорен за ракетните напади врз израелските општини и воени единици лоцирани во областа на Галилеја.

Пронајдени се и големи залихи на оружје.

Во областа на Хијам, која се наоѓа покрај границата со Израел, се водат борби помеѓу израелските војски и шиитското движење поддржано од Иран.

ПредходнаЧетворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
СледнаНад 75 милиони Американци веќе го искористија правото за рано гласање