Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска не ја исклучи можноста рускиот претседател Владимир Путин да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пред неговата инаугурација во јануари.
-Тоа не е исклучено, изјави Песков, пренесен од руските медиуми.
Претходно денеска Песков ги демантираше медиумските информации дека рускиотр претседател неформално, „преку познаници“ му ја честитал победата на Трамп.
-Тоа се неверодостојни информации, рече тој.
Инаугурацијата на американскиот претседател ќе се одржи на 20 јануари следната година.