дома Без филтер Ричард Гренел, „булдожерот на Трамп“, првиот јавно деклариран хомосекуалец во неговата администрација,...

Ричард Гренел, „булдожерот на Трамп“, првиот јавно деклариран хомосекуалец во неговата администрација, ќе игра значајајна улога на Западниот Балкан

5

Нема само Доналд причина да слави што ќе стане 47-ми претседател на Америка. Еден од неговите најблиски соработници, познат во медиумите како „Булдожерот на Трамп“ – Ричард Гренел, има еднаква причина да биде среќен.

Аналитичарите оценуваат дека триумфот на Трамп значи и враќање на Гренел на Балканот и тоа преку позицијата помошник, па дури и државен секретар или советник за национална безбедност, што следствено значи зголемување на важноста на регионот во американската надворешна политика.

Д-р Невен Цветиќанин, претседател на Форумот за стратешки студии и претседател на Институтот за општествени науки, за „Блиц“ вели дека Гренел, како поранешен амбасадор во Германија со што Европа е негова област на одговорност, 99 проценти ќе се најде во позиција која некако ќе се занимава со Европа.

-Победата на Трамп најверојатно значи враќање на Гренел на Балканот, без разлика на неговата позиција. Може да претпоставиме дека тоа ќе се однесува на надворешната политика во Стејт департментот, од помошник до државен секретар за Европа, а со тоа и за Балканот, сè до позицијата државен секретар – вели Цветиќанин..

„Да сум на местото на Курти, би го ставил прстот на челото“

Тоа, додава тој, секако ќе значи зголемено влијание врз настаните на Балканот, „а да бев на позицијата на косовскиот премиер Ачбин Курти, би го ставил прстот на чело и би се запрашал што значи тоа“.

– Тоа ќе влијае на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, а ќе зависи од тоа каков однос ќе се воспостави со ЕУ и колку од делегираните задачи ќе останат на Брисел – забележува Цветиќанин.

 

Големи критичар на Курти

Зоран Вулетиќ, претседател на Граѓански демократски форум, потсетува дека Гренел е голем критичар на Курти.

– Една работа не треба да се заборави. Српската влада негува блиски односи со Ричард Гренел. И тој потенцијално ќе биде еден од најважните луѓе во новата администрација на Трамп. Се шпекулира дека тој или ќе биде државен секретар или шеф на Стејт департментот, или советник за национална безбедност. Ова се двете клучни позиции по американскиот претседател. Значи, многу е можно Србија сега, за разлика од претходниот пат, да погоди по кој пат да тргне. Затоа што Гренел, да речеме, многу сериозно, го критикува Албин Курти во последните десет години. Има многу остри ставови кон него – изјави Зоран Вулетиќ

 

За Гренел

Ричард Ален Гренел е роден на 18 септември 1966 година.

Додипломските студии ги завршил на Евангелистичкиот универзитет во Спрингфилд, а магистрирал на Универзитетот Харвард

Тој беше портпарол на Стејт департментот за Обединетите нации за време на администрацијата на Џорџ Буш

Речиси две децении беше главен советник за комуникации на службениците на федерално, државно, локално и меѓународно ниво

Во јуни 2013 година, тој дознал дека боледува од хочкинс лимфом и набрзо почнал да се лекува

Во тоа време сепак се чувствувак физички добро околу осум километри дневно, во една прилика изјавил партнерот на Гренел, Мет Леши, со кој е во долга врска.

Тој е првиот деклариран хомосексуалец кој зазема висока позиција во администрацијата во Вашингтон

Во американските медиуми го нарекуваат „Малиот Трамп“, или „Булдожерот на Трамп“.

ПредходнаШто може да значи второто претседателство на Трамп за Америка
СледнаРастур на Крипто берзите по победата на Трамп