Во Запорожје, како резултат на рускиот напад со наведувани воздушни бомби, осум лица загинаа, а 42 се повредени, меѓу кои и едногодишно момче, соопшти денеска началникот на воената управна област, Иван Федоров.
Во вчерашниот руски напад на Запорожје, петкатница беше погодена од касетни бомби (КАБ), а три бомби погодија приватни куќи, пренесуваат украинските медиуми.
Од експлозијата се оштетени зградите на здравствената установа.
-Руските војници го нападнаа Запорожје со воздушни бомби. Уништена е обична станбена зграда, приватни куќи, оштетена е зграда на онколошка болница. Се трага по луѓе под урнатините. Секој таков руски напад не само што убива луѓе и уништува животи, туку го уништува и значењето на какви било изјави дека разговорите со Русија наводно недостасуваат…Смртта на луѓето им причинува задоволство, напиша вчера украинскиот претседател, Володимир Зеленски на Телеграм.
Претходно беше објавено дека во Запорожје загинале четири лица, а 18 се повредени, меѓу кои три деца, како резултат на руски напад со наведувани воздушни бомби.