дома Магазин Наместо со полнач, батериите ќе ги полниме со сопственото тело

Наместо со полнач, батериите ќе ги полниме со сопственото тело

15
 

Ако некогаш сте се виделе преку камера за термичка слика, тогаш сигурно знаете дека вашето тело произведува многу топлина. Ова всушност е отпаден производ на нашиот метаболизам. Голем дел од топлината произведена од човечкото тело едноставно бега во атмосферата, па зарем не би било одлично ако можеме да ја искористиме за генерирање енергија? Имено, сега на располагање е истражување што покажало дека тоа навистина е можно.Според научникот Мухамад Мудасар, целта е да се создаде уред што може и да генерира и да складира енергија, функционирајќи како вградена банка за напојување за технологијата што ја носиме. Ова, во овој случај, би можело да им овозможи на уредите како што се паметните часовници, фитнес-уредите или џипиес-уредите да работат многу подолго, па дури и неодредено, користејќи ја телесната топлина.
– Не се само нашите тела оние што произведуваат отпадна топлина. Во технолошки напредниот свет, значителна отпадна топлина се создава секој ден, од моторите на нашите возила до машините што произведуваат стоки. Оваа топлина се ослободува и во атмосферата, што претставува значајна пропуштена можност. Концептот за „обновување на отпадната топлина“ се појавува за да се справи со оваа неефикасност – вели Мудасар.
Термоелектричниот ефект е феномен што може да помогне да се претвори топлината во електрична енергија. Ова функционира со температурната разлика што произведува електричен потенцијал, бидејќи електроните течат од топлата кон студената страна, создавајќи употреблива електрична енергија. Сепак, конвенционалните термоелектрични материјали често се направени од кадмиум, олово или од жива. Тие доаѓаат со еколошки и здравствени ризици, кои ја ограничуваат нивната практична примена.
Собирањето енергија од отпадната топлина е само првиот чекор, неговото ефикасно складирање е еднакво проблематично. Суперкондензаторите се уреди за складирање енергија, кои брзо ја полнат и ја испуштаат електричната енергија. Ова ги прави неопходни за апликации што бараат брза испорака на енергија. Сепак, нивното потпирање на јаглеродните материјали добиени од фосилни горива предизвикува загриженост за одржливост, нагласувајќи ја потребата од обновливи алтернативи во нивното производство.
– Нашата истражувачка група откри дека порозниот јаглерод базиран на лигнин може да служи како електрода во суперкондензаторите за складирање на енергијата генерирана со собирање отпадна топлина со лигнинска мембрана, што ги олеснува брзото движење на јаглеродот и складирањето на јоните. Со обезбедување зелена алтернатива, која ги избегнува штетните хемикалии и потпирањето на фосилните горива, овој пристап нуди одржливо решение за складирање енергија од отпадна топлина – велат научниците.

ПредходнаГаши за МИА: И можеме и не можеме да кажеме дека до крајот на декември ќе почне процесот на уставни измени
СледнаКомеморација за Оливера Николова: Таа ни остави огромно дело, кое полека го освојува светот и сведочи за нас и нашата култура