дома Култура Премиера на претставата „Марта Верина“ во МНТ

Премиера на претставата „Марта Верина“ во МНТ

9
Премиера на претставата „Марта Верина“ во МНТ

  Во Македонскиот народен театар вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи премиера на драмскиот текст Марта Верина од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ, а во копродукција помеѓу Перипетија продукција и МНТ и во соработка со Фондација „Ацо Шопов“.

Марта Верина е приказна за жена која поради своите „погрешни“ избори не му припаѓа на општеството и мора да живее со товарот на „грешката“ која ја направила. Претставата која е инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, отвора прашања за стигматизацијата во општеството и ги истражува меѓучовечките односи и влијанието на родителските постапки врз децата.

Во претставата играат Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселонов, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софија Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, музиката на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а дизајнот на постерот на Сара Митова.

Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во склоп на премиерната изведба на претставата.

Предходна„Од семејно до институционално наследство“: Изложба на Музејот на македонската борба во Истанбул
СледнаМрежата на филмски институции од Југоисточна Европа го поддржа долгометражниот филм „Не се согласувам“