дома Локално Трет „Слоу Фуд салон“, околу 70 изложувачи од цела држава

Трет „Слоу Фуд салон“, околу 70 изложувачи од цела држава

Трет „Слоу Фуд салон“, околу 70 изложувачи од цела држава

 

  „Ние сме заедница“ е мотото на третиот „Слоу Фуд салон“, кој денеска ќе се одржува во Скопје. Поддржувачи се шведската организација „We Effect“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Како што е најавено, ќе има околу 70 изложувачи од цела држава, а ќе бидат застапени традиционални производи: домашен ајвар, лутенка, пинџур, мед, џем, разни видови сирења и кашкавал, сувомеснато чадено на дрва, слатко од смокви, домашни јуфки, производи од тартуфи, домашни сокови, сушено овошје, галички чај….

Посетителите ќе имаат можност да пробуваат вина од мали семејни винарии, дестилерии и занаетчиски ракии.

„Слоу Фуд салон“ ќе се одвива од 12 до 20 часот и во тој временски период ќе има мастер класови и работилници за вкус, конференции посветени на малите производители и на едукација, семинари, катчиња и едукација за деца…  Ќе учествуваат готвачи, експерти, волонтери и едукатори.  

Фото:  „Слоу Фуд салон“

ПредходнаДевизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
СледнаГаши за МИА: И можеме и не можеме да кажеме дека до крајот на декември ќе почне процесот на уставни измени