дома Граѓански Скопје втор ден по ред во првите десет најзагадени градови во светот

Скопје втор ден по ред во првите десет најзагадени градови во светот

7
 

Скопје втор ден по ред е рангиран на седмото место, односно влегува во групата од десетте најзагадени градови во светот. Ова го покажува ранг листата на швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот „Ај кју eр“ (IQAir).

Скопје панорамска фотографија Според овие податоци Скопје се наоѓа на седмото место на најзагадени градови со ндексот на загаденост е 139, веднаш зад Лахор во Пакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Техеран во Иран и Ташкент во Узбекистан.

Од европските градови во листата на топ десет најзагени градови се најдоа и Будимпешта, Милано и Виена, додека, пак, останатите два града се Мумбаи и Ханои.

За загадувањето граѓаните можат да тужат, ама тешко ќе добијат

На почетокот од месецот министерот за животна средина Изет Меџити изјави дека загадувањето е комплексно прашање кое не може да се реши со една мерка, туку со повеќе.

Според податоците од македонското Министерство за животна средина и просторно планирање, од мерните станици поставени во скопските општини, традиционално најзагадена е скопската општина Аеродром, односно населбите Лисиче и Ректорат каде што загадувањето на воздухот со ПМ10 честички земено во просек изнесува 104 микгрограми на метар кубен.

Максимално дозволеното загадување со ПМ10 според светската здравствена организација е 50 микрограми на метар кубен.

ПредходнаТрамп се огради од републиканскиот стратег кој рече дека Крим ќе остане руски
СледнаСамо 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон