дома Uncategorized Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната

Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната

1
Гардијан: Украина одбележува 1000 дена од руската инвазија и почетокот на војната

  Украина денеска одбележува 1.000 дена од почетокот на војната, а досега загинаа илјадници украински граѓани, додека над шест милиони луѓе живеат како бегалци.

Популацијата на Украина е намалена за една четвртина откако рускиот претседател Владимир Путин ја започна офанзивата, на 24 февруари 2022 година, за која Гардијан оценува дека е најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна.

„Гардијан“ денеска потсетува дека Кремљ го отфрли мировниот план предложен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а кој требаше да биде претставен на самитот на Г20 во Бразил.

Планот предвидува замрзнување на конфликтот во сегашните позиции на двете страни. Според извештаите, планот на Ердоган вклучува: замрзнување на фронтот, обврзување на Украина да не се приклучи на НАТО во следните десет години, снабдување на Украина со оружје за одбрана и поставување меѓународни мировници во демилитаризираната тампон зона во Донбас.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го отфрли предлогот на Ердоган, нарекувајќи го „неоснован“ и услов што би бил „неприфатлив“ за Русија.

Светските медиуми, вклучително Ројтерс и „Њујорк тајмс“, во неделата објавија дека администрацијата на американскиот претседател Бајден ја овластила Украина да ги користи крстаречките ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија.

САД се уште не ја потврдија оваа информација.

ПредходнаЗемјите од Г20 објавија заедничка декларација во Рио
СледнаПутин потпиша декрет дека нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната