дома Бизнис Голдман Сакс: Доларот ќе биде силен уште долго време пред се поради...

Голдман Сакс: Доларот ќе биде силен уште долго време пред се поради најавите на Трамп за високи царини

1
 Доларот ќе биде силен уште долго време пред се поради плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да воведе високи царини, изјавија денеска стратезите на американската банкарска корпорација Голдман Сакс.

Американската валута расте од крајот на септември, што имаше ефект на корекција на долгогодишната позиција на њујоршката банка дека доларот постепено ќе паѓа од својот врв, објави Блумберг.
„Веќе не очекуваме пообемна депрецијација на доларот, бидејќи тој ќе биде посилен подолг период“, напиша тимот на Голдман.

Предвидувањата на банката за изминатите две години беа дека американската валута ќе падне од највисоките нивоа, но тоа беше спречено со растот на доларот за 2,4 отсто по изборите на 5 ноември. Американски медиуми јавија дека американската валута ја заврши седмата по ред седмица на раст, што е најдолг период од февруари и е реакција на изборот на Трамп за претседател и неговите планови да го зајакне доларот и да воведе повисоки буџетски приходи.

ПредходнаКурти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ
СледнаПоевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат