дома Економија Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот...

Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите

1

Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите

  Договорена е каматната стапка, од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем од понеделник да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

-Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“  во скопското село Булачани.

Нагласи дека за да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра.

-Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски.

Нагласи дека е задоволен што најголем дел од банките ја прифатија каматата од 1,95 проценти и додаде дека очекува голема додадена вредност и зголемување на продуктивноста на стопанството. За банките што нема да ја прифатат оваа каматна стапка рече дека нема да бидат дел од проектот и потврди дека согласност веќе дале неколку поголеми и неколку помали банки. вј/

Фото: Принтскрин

  

ПредходнаФилипче: Следува нов почеток и пресвртница во делувањето на СДСМ
СледнаКристоф Ле Риголер: Северна Македонија е кредибилна членка на НАТО, може да сметате на француската поддршка за модернизација на Армијата