дома Спорт Италија го одбрани трофејот во Дејвис купот

Италија го одбрани трофејот во Дејвис купот

1
Италија го одбрани трофејот во Дејвис купот

 Италијанската тениска репрезентација втора година по ред го освои Дејвис купот.

Во финалето во Малага, „азурите“ ја совладаа Холандија со 2:0 и им ја ускратија можноста на „лалињата“ да го освојат трофејот за прв пат во историјата.

Матео Беретини им донесе водство на Италијанците со убедливата победа од 6:4, 6:2 над Ботик ван де Зандшулп.

Погоди 16 асови и 28 винери, оставајќи го својот противник без шанси.

Во вториот сингл меч, светскиот рекет број еден, Јаник Синер победи со 7:6(2), 6:2 против Талон Грциспор и им го донесе трофејот на Италијанците.

За Италија ова е трет Дејвис куп, а првиот го освоија во далечната 1976 година.

ПредходнаПромоција на книгата „Прес енд плеј“ на Ненад Георгиевски
СледнаДиректорот на Борусија бара мислење од членството за договорот со „Рајнметал“