Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X.
– Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп и му честитав на неговиот реизбор, напиша Пленковиќ.
Двајцата разговарале за зајакнување на билатералните односи, особено во енергетиката, одбраната и НАТО.
– Разговаравме и за продолжување на поддршката за Украина, напиша Пленковиќ на X и додаде дека Трамп изразил „длабока почит кон хрватскиот народ“.
Доналд Трамп, победникот на претседателските избори во САД на 5 ноември, ќе ја преземе функцијата на 20 јануари следната година.