Додека љубителите на криптовалутите честопати укажуваат на биткоинот како потенцијална замена за американскиот долар, претседателот на Федералните резерви Џером Пауел не се согласува.
На „DialBook Summit“ во Њујорк, Пауел рече дека биткоинот е шпекулативно средство, како златото, а не валута.
– Тоа е како злато, само виртуелно. Луѓето не го користат како средство за плаќање или како средство за чување на вредноста. Тоа е многу нестабилно. Тоа не е конкуренција на доларот, туку на златото – истакна тој.
Овие изјави доаѓаат кога се очекува администрацијата на Доналд Трамп да преземе чекори за легализирање на дигиталните средства. За време на кампањата, Трамп се претставуваше како „кандидат за криптовалути“, прифаќајќи донации во различни криптовалути, вклучувајќи Bitcoin, Ether, Dogecoin и Solana.
На конференцијата за Биткоин во јули, Трамп вети дека ќе формира национална резерва за биткоин, повторувајќи ја потребата САД да станат крипто суперсила или да се соочат со конкуренција од други економски сили, како што е Кина.