дома Економија Реслер: Средствата од Планот за раст Западниот Балкан ќе помогнат за подобра...

Реслер: Средствата од Планот за раст Западниот Балкан ќе помогнат за подобра интеграција на земјите од регионот

6
Реслер: Средствата од Планот за раст Западниот Балкан ќе помогнат за подобра интеграција на земјите од регионот 

  Кога ќе се погледне на актуелната состојба, посебно на геополитичките тензии, прашањето за поблиската економска соработка меѓу земјите од Западниот Балкан добива на важност, изјави претседавачот на Делегацијата на Европскиот парламент во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, хрватскиот европратеник Карло Реслер.

Во обраќањето на втората сесија на форумот „Самит ЕУ-Западен Балкан“, насловена  „Отклучување на економскиот потенцијал: Раст и интеграција преку пристапување во ЕУ“ што се одржува денеска во Брисел, Реслер нагласи дека во самиот процес на проширување на ЕУ економската соработка понекогаш била занмарувана и запоставувана, но самиот факт што Унијата е главен трговски партнер на земјите од Западниот Балкан ја покажува нејзината важност.

– Поблиската економска соработка е важна и тоа се обидуваме да го постигнеме преку Планот за раст на Западниот Балкан, додаде Реслер.

Тој потенцира дека Реформските агенди во рамки на Планот за раст што ги подготвија земјите од регионот се добра основа за ова, но дека сега останува тие да се спроведуваат во пракса.

– Шесте милијарди во грантови и позајмици може да бидат корисни за оваа цел и навистина да помогнат за подобра интеграција на земјите од Западниот Балкан и да ги подготват економски, но и инфраструктурно за стандардите на Европската Унија, истакна Реслер.

Според раководителот на Одделот за политика и регионална стратегија за Западниот Балкан при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), Томас Хаглајтнер, промената на начинот на кој земјите од Западниот Балкан гледаат на заедничкиот регионален пазар е предуслов за зајакнување на економската соработка во регионот.

Хаглајтнер порача дека интегрирањето на земјите од Западниот Балкан во единствениот европски пазар е предуслов за посилна економска интеграција на регионот.

Сепак, според него, заедничкиот регионален пазар не треба да се смета за замена за пристапувањето на земјите од Западниот Балкан на единствениот пазар на ЕУ.

Во прилог на посветеноста на земјите од регионот кон зајакнување на меѓусебните економски врски е договорот меѓу нивните лидери да се среќаваат на секои шест неделни за да разговараат за регионалната соработка и имплементација на Планот за раст на Западниот Балкан.

Хаглајтнер нагласи дека постепената интеграција е дел од новиот пристап на ЕУ кон процесот на проширување, но оти тоа не е замена за полноправното членство во Унијата.

– Со овие земји разговараме и разгледаме кои се нивните интереси за вклучување во политичките сфери и мрежи а ЕУ. Тоа е нашата нова политика, тоа е партнерство и понуда за овие земји, додаде Хаглајтнер.

ПредходнаКомерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2024“ од магазинот The Banker
СледнаФетаи: Ако сакаме развој, инвестиции и запирање на иселувањето потребно ни е функционално владеење на правото