дома Политика Фетаи: Ако сакаме развој, инвестиции и запирање на иселувањето потребно ни е...

Фетаи: Ако сакаме развој, инвестиции и запирање на иселувањето потребно ни е функционално владеење на правото

5
Фетаи: Ако сакаме развој, инвестиции и запирање на иселувањето потребно ни е функционално владеење на правото

  Ако немаме функционално владеење на правото и ако обвинителите и судиите на постапуваат според Уставот и законите, нема да имаме економски развој, нема да имаме никакви инвестиции и нашите граѓани ќе продолжат да ја напуштаат земјата, порача денеска од Брисел вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи во обраќањето на сесијата „Заедничка правда: Градење поправедни и поинклузивни системи во регионот“ во рамки на форум „Самит ЕУ-Западен Балкан: Обновен пристап кон регионот“ во организација на бриселскиот тинк тенк Пријатели на Европа.

– Со години и години наназад имаме барања од меѓународните партнери да покаже резултати од досегашните напори кога е во прашање борбата против корупцијата. Сепак во 2023-2024, ние имаме нула конечни пресуди поврзани со случаите на корупција на високо ниво, нагласи Фетаи.

Според него, очигледно е дека земјата треба да испорача на ова поле и затоа еден од четирите главни приоритети на кои работи новата Влада, покрај евроинтеграциите, економскиот развој и децентрализацијата, е и борбата против корупцијата.

Фетаи нагласи дека токму корупцијата, криминалот и отсуството на владеење на правото, беа причина зошто сегашната Влада извојува плебисцитарна победа на изборите, обезбедувајќи речиси двотретинско мнозинство во Собранието.

– Треба да ја вратиме довербата на граѓаните во нашите институции, да обезбедиме независност на судството и владеење на правото. Токму тоа се стратешките приоритети на Владата, истакна Фетаи.

Вицепремиерот за добро владеење посочи дека тоа што според истражувања на меѓународни организации, само два отсто од македонските граѓани веруваат во правосудниот систем во земјата, не е само статистика, тука е одраз на длабоката фрустрација кај граѓаните.

Според него, една од причините за ваквата состојба е недоволното финансирање на правосудството, органите за спроведување на законот и институциите за борба корупцијата, што резултира со недостиг на човечки ресурси во судовите и Јавното обвинителство.

– За да го смениме ова, заедно со нашите меѓународните партнери, заедно со Европската Унија поставивме многу јасна активна агенда, која исто така е реформска агенда. Кога станува збор за владеењето на правото, борбата против корупцијата и независноста на судството се предвидува реформа на Судскиот совет, рече Фетаи.

Покрај ова, според него, подеднакво важно е и враќањето на интегритетот, па затоа се работи на подобрување на процесите за начинот на избор судиите и обвинителите, нивните именувања, оценувања и ако е неопходно и разрешувања.

За таа цел, како што нагласи Фетаи, со реформската агенда се предвидува системска реформа на правосудниот систем, преку усвојување на нови закони за Судскиот совет, за Јавното обвинителство и Советот на јавни обвинители, како и за платите на судиите и обвинителите.

ПредходнаРеслер: Средствата од Планот за раст Западниот Балкан ќе помогнат за подобра интеграција на земјите од регионот
СледнаБојкот на наставата во ОУ „Лазо Ангеловски“ поради насилен ученик