Кандидатката за претседател на Романија од „Алијансата за спас на Романија“ (USR), Елена Ласкони, остро го осуди денешното поништување на првиот круг од претседателските избори од страна на Уставниот суд.
– Остро осудувам тоа што се случи. Тие го уништија она за што се боревме 35 години. Одлуката е незаконска и го понижува самото гласање, суштината на демократијата, рече Ласкони.
Таа додаде дека Романија мора да продолжи со изборниот процес и да го почитува гласот на деветте милиони Романци, без разлика на исходот.
– Знам дека ќе победам и ќе се борам за обединување на Романците, изјави таа.