дома Свет Зеленски: 43.000 украински војници загинаа на бојното поле

Зеленски: 43.000 украински војници загинаа на бојното поле

3
Зеленски: 43.000 украински војници загинаа на бојното поле

  Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека од почетокот на целосната инвазија од Русија загинале 43.000 украински војници, а 370.000 се ранети.

„Украина од почетокот на војната загуби 43.000 војници на бојното поле. Забележани се 370.000 случаи на медицинска помош за ранети, при што 50 отсто од ранетите повторно се враќаат во војска. Ги евидентираме сите повреди, дури и лесни и повторливи“, објави Зеленски на Телеграм, пренесува Укринформ.

Зеленски нагласи дека руските загуби надминуваат 750.000, од кои 198.000 се убиени, а повеќе од 550.000 се ранети.

„Од септември, Русија губи пет до шест војници на еден наш“, истакна тој.

Претседателот изрази благодарност за развојот на воената медицина во Украина, што значително помага во спасувањето и рехабилитацијата на ранетите војници.

Претходно денеска, во објава на социјалните мрежи, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп рече дека Украина досега загубила 400.000 војници. „Зеленски и Украина би сакале да постигнат договор и да го запрат ова лудило. Загубија 400.000 војници и уште повеќе цивили. Треба итно да се постигне прекин на огнот и да започнат преговори“, објави Трамп на неговата платформа „Трут Соушл“.

ПредходнаНема ништо да се случи во Уставниот суд, а ДУИ ќе продолжи со политички маневри
СледнаМакрон: Варварската држава падна, конечно, му оддавам почит на сирискиот народ за нивната храброст и трпение