Германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече уривањето на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад „добра вест“ и повика на политичко решение за стабилизирање на Сирија,.
„Башар ал Асад брутално го угнетуваше својот народ. Тој има безброј животи на својата совест и принуди многу луѓе да побегнат, од кои многумина стигнаа до Германија“, рече Шолц.
Вицепремиерката на Обединетото Кралство Ангела Рајнер посочи дека Владата „ја поздравува веста“ дека паднал режимот на Асад.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја поздрави веста за падот на сирискиот претседател Башар ал Асад и рече дека Франција ќе остане посветена на безбедноста на сите на Блискиот Исток.
„Падна варварска држава. Конечно. Му оддавам почит на сирискиот народ, неговата храброст и трпение. Во овој момент на неизвесност, им посакувам мир, слобода и единство“, истакна Макрон во објавата на Икс. „Франција ќе остане посветена на безбедноста на сите на Блискиот Исток“, додаде тој.