Соборениот сириски претседател Башар ал Асад со членовите на неговото семејство е во Москва, откако доби азил од Русија, јави руска државна новинска агенција, повикувајќи се на извори во Кремљ.
Новинската агенција Интерфакс цитира неименуван извор кој кажал: „Сирискиот претседател Асад пристигна во Москва. Русија им (нему и на неговото семејство) даде азил од хуманитарни причини“.
Асад ја напушти Сирија откако наредил мирно предавање на власта, соопшти претходно денес руското министерство за надворешни работи.
Башар ал Асад владееше со Сирија речиси 25 години и беше симнат и принуден на бегство , од бунтовничките сили за само неколку дена .