Американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) пушти нова верзија на популарниот чет-бот „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) со месечна претплата од 200 долари. Новата алатка е наменета за инженерските области и за истражување. Целта на компанијата е да ја прошири индустриската примена на својата технологија.
Новото ниво наречено „Чет-ГПТ про“ (ChatGPT Pro) е додадено на постоечките претплати, коишто вклучуваат „Чет-ГПТ плус“, „Тим“ и „Ентерпрајз“. Тоа ги нагласува и амбициите на компанијата што го поттикна „Бумот на вештачката интелигенција“, за натамошна комерцијализација на својата технологија.
„Про“ ќе обезбеди пристап до најнапредните „Опен-АИ“ алатки, вклучувајќи неограничен пристап до новите модели „o1“, „o1 мини“, „ГПТ-40“ и напредниот глас. Претплатата вклучува и „01 про мод“ – верзија којашто користи дополнителна компјутерска моќ за решавање посложени прашања. „Опен-АИ“ наведува дека „01 про мод“ има подобро машинско учење во математиката, науката и кодирањето во споредба со верзиите „o1“ и „o1-привју“.