дома ТОП ВЕСТИ Полициски претреси во домовите на Артан Груби и Прпарим Бајрами – не...

Полициски претреси во домовите на Артан Груби и Прпарим Бајрами – не се најдени дома

5

Утрово е извршен полициски претрес во повеќе домови во Скопје, во рамките на акцијата а борба против мафијашките кланови, како и поради сомнежи за организиран криминал во Државната Лотарија.

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување“,  пишува Груби во објавата.

Извршен е претрес и во домот на поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прпарим Бајрами, кој исто така не бил во домот. За него постојат сомневања дека е пребеган уште пред неколку месеци во Косово. Неговите домашни дале ветување при претресот дека ќе се врати. Во неговиот дом пронајдена е поголема количина пари во готовина, повеќе од 50 илјади франци.

Екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами уште лани беше обвинет од тогашната опозиција дека изнајмувал локал за 21.000 евра месечно од фирма чиј сопственик е член на Управниот одбор на Лотарија, Шабан Азмовски Хамза и тоа со договор на 10 години. За лани Лотарија имала предвидено над 970.000 евра за наем и реконструкција на деловен простор, всушност за истиот локал, откри Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

И Бајрами и Хамза биле дел од кабинетот на Артан Груби во Министерството за политички систем.

Шабан Хамза, всушност отворил портал ХЕЈ.МК каде главен клиент бил Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, инаку уште еден вработен во министерството на Артан Груби, со задолженија за рекламирање на ДУИ, откри Стоилковски.

– Локалот кој што е изнајмен е од фирмата „ХЕЈ“, на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај. „ХЕЈ“ ДООЕЛ е компанија којашто во 5 месеци прави чудо од бизнис. Основана на 02 февруари, на 22 март купува објект од речиси 3.000 квадрати, се пријавува на тендер на Лотарија во мај, и на 5 јули добива договор тежок 2,6 милиони евра. За пет месеци од формирањето до бизнис тендер од 2,6 милиони евра! Секако, фирмата е на Армин Машовиќ, компанија за консалтинг, маркетинг и за медиумска застапеност. Порталот ХЕЈ.мк е регистриран еден месец пред фирмата да започне, значи во јануари, од Шабан Азмовски, Хамза, инаку член на Управниот одбор на акционерското друштво на Државна лотарија, и вработен во министерството на Артан Груби. Најголем огласувач на ХЕЈ.МК е фирмата на Фидан Селими, со информации, и видеа од и за ДУИ, а Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, е уште еден вработен во министерството на Артан Груби. Тоа е шемата, а ќе ги повторам прашањата кои што досега останаа неодговорени, до Артан Груби, но и до Спасовски, до Грковска, па и Ковачевски кои што мора да одговорат, како тоа Перпарим, директорот од Лотарија најмува простор од фирма каде дел Шабан Хамза, член на Управниот Одбор на Лотарија? Дали Перпарим од Лотарија ќе каже дали не знаел дека Шабан Азмовски, Хамза го регистрирал името на порталот ХЕЈ на фирмата каде ќе истурат 2,6 милиони евра? Артан Груби мора да каже како тоа во Лотарија завршиле и Перпарим Бајрами и Шабан Азмовски, Хамза, но и оној со фирмата „Медиа Девижн 2021“, Фидан Селими. А, Али Ахмети и Димитар Ковачевски мора да одговорат како сите големи државни тендери се вртат околу зетот на Ахмети и неговиот бизнис ортак Ерџан Сулкоски? – рече тогаш Стоилковски.

Во ноќешната акција против мафијашките кланови, уапсени се околу 7 лица, кои биле припадници на кланови во Дуќанџик и Арачиново. Во акцијата се пронајдени поголема сума пари во готовина и оружје. Има индиции за уште сокриено оруже, за кое МВР има траги. Како резултат од оваа опсежна акција би требало да се расветлат барем 4 убиства меѓу клановите, познати во јавноста.

ПредходнаСредношколци во Нови Сад бликораа елитна гимназија, директорот клечи пред влезната врата
СледнаПочина Волфганг Бекер, режисерот на филмот Збогум, Ленин!