дома Балкан Средношколци во Нови Сад бликораа елитна гимназија, директорот клечи пред влезната врата

Средношколци во Нови Сад бликораа елитна гимназија, директорот клечи пред влезната врата

6
Средношколци во Нови Сад бликораа елитна гимназија, директорот клечи пред влезната врата

  Ученици од новосадската гимназија „Јован Јовановиќ Змај“ од утрово го блокираа влезот во училиштето, по синоќешен договор на пленум каде усвоија неколку барања, јавија српските медиуми.

Учениците, меѓу другото, бараат директорот на гимназијата Радивоје Стојковиќ да ја повлече изјавата од 29 ноември, како и директорот и училишниот одбор јавно да им се извинат на наставниците и учениците за неправилностите при издавањето на тоа соопштение, пренесува Бета.

Директорот на училиштето од утрово клечи на скалите пред влезната врата на институцијата и според новосадски медиуми – личи дека се моли. На вратата каде директорот клечи се гледа натписот „Јовина е блокирана“.

Директорот претходно од почетокот на блокадата клечеше покрај оградата на училишниот двор. Во меѓувреме му пришол свештеник, кој по некое време се оддалечил. Директорот не зборува ниту со медиумите, ниту со луѓето кои му приоѓаат и му кажуваат нешто.

Вработени и ученици во таа гимназија ја прекинаа наставата на 29 ноември и се вклучија во кампањата „Стоп, Србија“, во која граѓаните во повеќе градови во Србија им оддадоа почит на загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 15 лица со 15 минути тишина.

Средношколската управа истиот ден одржа итна седница на Наставничкиот совет и Училишниот одбор, по што излезе со соопштение за медиумите во кое ја осуди, како што ја опишаа, „политизацијата на учениците“ и најави поведување дисциплинска постапка. Учениците кои го блокираат училиштето бараат да им биде дозволено да го напуштаат секој петок по 15 минути за да им оддадат почит на загинатите на железничката станица и да не трпат последици поради тоа, како неоправдана настава, упис или други санкции, јави Бета.

Дополнително, бараат гимназијата да излезе со јавно соопштение за поддршка на учениците во блокадите.

Во Србија блокирани се десетици факултети и неколку ректорати.

Студентите во блокадите бараат политичка и кривична одговорност за уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, објавување на сите документи поврзани со реконструкцијата на станицата и зголемување на буџетот на факултетите. Тие бараат и ослободување на сите приведени активисти, како и апсење на оние кои ги нападнаа студентите на протестите поради уривањето на настрешницата.

Надлежните тврдат дека се исполнети сите барања на студентите, што студентите негираат. Бетонската настрешница на зградата на станицата во Нови Сад се урна само неколку месеци по свеченото отворање на станицата по тригодишната реконструкција и тврдењата на официјалните лица дека е изградена според највисоките европски стандарди.

Тринаесет лица се уапсени под сомнение дека се одговорни за уривањето на настрешницата. Меѓу нив беше и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, кој по неколку дена беше пуштен од притвор.

ПредходнаЦрна Гора привремено затвора три поглавја од пристапните преговори со ЕУ
СледнаПолициски претреси во домовите на Артан Груби и Прпарим Бајрами – не се најдени дома