дома Бизнис Европската централна банка повторно ги намали каматните стапки

Европската централна банка повторно ги намали каматните стапки

Франкфурт (dpa) – Европската централна банка (ЕЦБ) ги намали каматните стапки по четврти пат оваа година како одговор на економското забавување во земјите чија валута е еврото.

Економистите предвидуваат дека ЕЦБ дополнително ќе ги намали референтните каматни стапки во наредните години.

Трговските конфликти, како оние со САД и реизбраниот претседател Доналд Трамп, можат дополнително да ја загрозат и онака ослабената европска економија.

Засега, Советот на ЕЦБ ја намали пасивните каматни стапки, која служи како водич на финансискиот пазар, за 0,25 отсто на три отсто. Оваа стапка се однесува на средствата што комерцијалните банки ги депонираат кај централната банка.

Штедачите веројатно ќе го почувствуваат ефектот од ова намалување. Многу банки го пренесуваат падот на пасивните каматни стапки на своите клиенти преку пониски каматни стапки на штедењето по побарувачка и ороченото штедење.

Намалена е и каматната стапка по која комерцијалните банки се задолжуваат кај ЕЦБ, од 3,4 отсто на 3,15 отсто.

Пониските референтни каматни стапки се генерално поволни за економијата. Кредитите стануваат подостапни, а бизнисите и граѓаните, како што се оние што градат куќи, можат полесно да добијат пари за инвестиции, а со тоа да се стимулира растот.

Економистите очекуваа ново намалување на каматите, а се шпекулираше и за уште поголемо намалување од 0,5 отсто. Крајот на периодот на висока инфлација во еврозоната отвори простор за вакви потези на монетарните власти.

Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард неодамна предупреди на долготрајна економска слабост.

Франција и Германија, клучните европски економии, се во политички кризи, поради што ја губат улогата на мотори на реформите.

ЕЦБ дополнително ги намали прогнозите за економски раст за еврозоната. За 2024 година очекува раст од само 0,7 отсто.

Прогнозите за следната и 2026 година се исто така попесимистички од септември и изнесуваат 1,1 односно 1,4 отсто.

Годишната инфлација неодамна повторно порасна, како во Германија, така и во целата еврозона, достигнувајќи 2,3 проценти во ноември.

Сепак, експертите во моментов не очекуваат нова инфлациска спирала како онаа што следеше по почетокот на руската агресија во Украина во февруари 2022 година, кога цените на енергијата и храната драстично пораснаа.

ПредходнаФизичките активности се корисни за зачувување на когнитивните способности
СледнаЗавршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес