дома Политика КОСОВСКИОТ ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ ГО ПРЕВЕЗОЛ ГРУБИ ВО КОСОВО

КОСОВСКИОТ ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ ГО ПРЕВЕЗОЛ ГРУБИ ВО КОСОВО

3

Поранешниот вицепремиер Артан Груби кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија.

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција, дознава Телма од извори на истрагата.

Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија.

 Конзуларната област го опфаќа градот Струга, а како почесен конзул, Папранику дејствувал во Република Македонија, согласно правилата и нормите на конзуларните активности и имал задача да ги промовира и штити интересите на Косово, беше известено од МНР кога, Папранику ја презел позицијата конзул.

Папранику е сопственик на „Нептун“, а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол.

Во 2019 година, Папранику ќе го понесе признанието за најуспешен маж во Македонија во категоријата менаџер на годината.

ПредходнаСудот одреди мерки за претпазливост за четири лица во случајот „Државна лотарија на РСМ“
СледнаГрупацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор