дома Свет Балкан Сите полициски комесаријати во Албанија добија нови раководители

Сите полициски комесаријати во Албанија добија нови раководители

Сите полициски комесаријати во Албанија добија нови раководители

  По изборот на нови директори на полициските управи во 12-те окрузи во Албанија, од денеска нови началници имаат и сите 48 полициски комесаријати.

-На конкурсот учествуваа 274 кандидати, а врз основа на проценка избрани се 48. Изборот е направен врз основа на конкурентност, стои во објавата на министерството во која се наведени и нивните имиња.

Ова е последователна реорганизација на полициските комесаријати, по доаѓањето на Илир Прода за генерален директор на албанската полиција на почетокот на октомври.

-Сите избрани директори и началници го поминаа процесот на проверка – ветинг, како и други неопходни проценки. Порачувам дека треба да бидат на ниво на нивната должност и тие и сите полициски службеници треба да разберат дека е крај на неодговорни полициски раководители и сите вработени, порача Ервин Хоџа, министер за внатрешни работи.

Хоџа на чело на МВР дојде на крајот на јули а на почетокот на октомври за нов генерален директор на албанската полиција го назначи Прода.

ПредходнаНисан и Хонда преговараат за соработка, но тврдат дека нема да дојде до целосно спојување
СледнаАртан Груби да не се пазари и да не бега, да се врати во Македонија